Оглас за 200 образовни асистенти – ВМРО-ДПМНЕ реагира: Не е според закон
Објавен е јавен оглас за ангажирање на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата, со што треба да се зголеми бројот на асистенти во основното образование.
На овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем.Но, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека огласот не е објавен според законот.
Во огласот, како што велат од оваа партија, во посебни услови за кандидатите пишува дека кандидатите може да имаат образование за специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, но и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава, реагираат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.Република Македонија има Закон за наставници и стручни соработници во кој јасно се разграничени компетенциите на едните и другите од што произлегува дека огласот е во спротивност на законот, велат од партијата.
Comments
Post a Comment