Кај Бахамите пронајдено богатство од шпанска галија загубено пред 350 години

 Морските археолози биле воодушевени од богатствата кои долго време биле скриени во длабочините на океанот во близина на Бахамите.


Луксузна шпанска галија натоварена со скапоцености потонал кај Малите Бахами во 1656 година, а бројни авантуристи и археолози 350 години се обидувале да го пронајдат непроценливото богатство, пишува Гардијан.



Кога неодамна беше лансирана друга експедиција, малкумина веруваа дека ќе биде можно да се најдат остатоци од скапоцениот товар.


Сепак, пронајдени се исклучителни примероци, меѓу кои и приврзоци со скапоцени камења и златни синџири, кои стотина години лежеле недопрени на морското дно.


Шпанската галија потона на западната страна на Малите Бахами, на околу 70 километри од брегот, но вредните предмети беа пронајдени во зона од околу 13 километри од местото на потонатиот брод.

Comments