Поради асфалтирање, од утре времен прекин во сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен, преку Галичица

 Од 18-ти август до 12-ти септември 2022 година, на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица, поради изведување градежни работи (асфалтирање), сообраќајот делумно ќе биде во прекин, и тоа во периодот помеѓу 09:00 и 15:00 часот.Работите ќе се изведуваат само во работни денови, информираат од АМСМ.Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Охрид-Ресен (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој води преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај од почетокот на мај до 01.10.2022 година за возила со вкупна маса до 3,5 тони.



Comments