Гори планината помеѓу Косел и Опеница

 Пожар избувна денеска во планинскиот предел во реонот помеѓу селата Косел и Опеница, кој припаѓа во надлежност на Македонски шуми.Од Охрид може да се забележи густ чад како се издига од блиската планина кон небото.За пожарот информирани се надлежните служби на Шумското претпријатие Галичица и ТППЕ Охрид кои преземаат соодветни мерки, а состојбата ја следи и Националниот парк Галичица.

Времето во Охрид се сончево и ветровито, што неповолно се одразува на пожарот.




Comments