Во водите на Охридското езеро пронајдена рачна бомба
Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.Во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден е пријавено дека во 06:00 часот во водите на Охридско Езеро, на околу 10 метри од плажата „Св.Наум“, покрај пристаништето, била пронајдена рачна бомба од постар временски период, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Бомбата е безбедно подигната од пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, наведуваат МВР.
Comments
Post a Comment