Делови од Охрид и село Велгошти неколку часа без вода

 Жителите во делови од Охрид и селото Велгошти неколку часа ќе останат без вода.Поради санирање на два поголеми дефекти, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во село Велгошти и на следните улици: „Никола Карев”, „Галичица”, „Мирче Ацев” и дел од Бул.„Туристичка”, информираат од ЈП Водовод Охрид.


Comments