Во очи Св. Петка празник и на фудбалот во Велгошти, вечерва се решава победникот на традиционалниот турнир во мал фудбал

 

Во очи Св. Петка празник и на фудбалот во Велгошти, вечерва се решава победникот на традиционалниот турнир во мал фудбал


Традиционално пред празникот Св. Петка, во Велгошти вечерва ќе се одигра финалето на 17 издание на турнирот во мал фудбал. Се среќаваат екипите на „АСП ПАК“ и „Ресторан Станица и Викса Пром“.

Битката за медали почнува во 21 часот со натпреварот за третото место во кој се среќаваат Васко Речксоки и Сатеска од Волино.

Финалето помеѓу „АСП ПАК“ и „Ресторан Станица и Викса Пром“ почнува во 22 часот.

Наградниот фонд на турнирот во мал фудбал “Велгошти 2022” изнесува 150.000 денари:

1 место – 90.000ден.
2 место – 40.000ден.
3 место – 15.000ден.

По завршување на финалната средба ќе бидат доделени пехарите на најдобрите екипи и играчи на турнирот во Велгошти.

Comments